Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Министерот Муцунски ќе учествува на Дубровник форум 2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во Дубровник, Република Хрватска, каде што ќе учествува на 19. издание на Дубровник форум.

Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, посветена на европската интеграција на Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката меѓу Европската Унија и земјите од регионот.

-Под мотото „The Age of Multipolarity: Many Decisions, One Future“, Дубровник форум 2026 ќе собере високи државни претставници, креатори на политики, експерти и претставници на меѓународни организации, кои ќе дискутираат за најактуелните глобални и регионални безбедносни, политички и економски предизвици. Годинашното издание има и посебно симболично значење, бидејќи се одбележуваат 20 години од основањето на Форумот, претходно познат како Croatia Forum, информира МНРиНТ.

Реклама

Имајќи предвид дека Република Хрватска во 2026 година претседава со „Three Seas Initiative* и „MED9*, се наведува во соопштението, годинашниот Форум ќе стави посебен акцент на медитеранската димензија на европската безбедност, регионалната соработка и заедничките стратешки предизвици.

За време на престојот во Дубровник, министерот Муцунски ќе оствари повеќе билатерални средби со свои хомолози и други високи претставници кои учествуваат на Форумот.