Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Министерот Минчев на работна средба со Баграт Тунјан од СИГМА: Продолжува партнерската соработка за унапредување на реформата на јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари работна средба со Баграт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија.

На средбата, како што информира Министерството за јавна администрација (МЈА), беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на реформските активности и дефинирањето на идните приоритети во рамки на новиот Акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

Министерот Минчев истакна дека континуираната координација и соработка со СИГМА претставува значајна поддршка во процесот на градење професионална, ефикасна и модерна јавна администрација, согласно европските стандарди и принципи на добро управување.

Реклама

-Нашата цел е реформите во јавната администрација да бидат одржливи, засновани на јасни критериуми и мерливи резултати. Во тој процес, експертската поддршка и препораките на СИГМА се од особено значење за понатамошно унапредување на системот- рече Минчев.

Соговорниците дискутираа за клучните приоритети во наредниот период, насочени кон обезбедување континуитет во реформскиот процес, подобро планирање на активностите и ефективно следење на постигнатиот напредок во согласност со европските принципи на добро управување.

Министерството за јавна администрација, како што нагласува, продолжува со редовна комуникација и партнерска соработка со СИГМА и останатите меѓународни партнери, со цел обезбедување квалитетни реформи кои ќе придонесат за поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните.