Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Македонско-американски тим археолози истражуваат на битолскиот локалитет Градиште

Македонско-американски тим археолози, професионалци од НУ Завод и Музеј-Битола и од Универзитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонско-американски тим археолози, професионалци од НУ Завод и Музеј-Битола и од Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД, продолжија со ланските истражувања на археолошкиот локалитет Градиште, кај битолското село Црнобуки.

Да го откриеме минатото за подобро да ја градиме иднината. Ние, ја откриваме приказната за нашите предци како достојни наследници, велат од тимот кој деновиве интензивно работи на археолошкиот локалитет Градиште.

-И оваа година археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки ни ги даде своите дарови. Мноштвото на движни и недвижни археолошки наоди повторно ги збогати нашите сознанија за овој древен македонски град. Секоја пронајдена монета, секој пронајден сад, секој пронајден метален предмет, сите тие ни ја раскажуваат приказната за Градиште кај Црнобуки, за животот на обичниот човек, за походите на големите генерали, за трговските врски со околните големи градови Тесалоника, Пела, Амфиполис, Дирахион.  Ја откриваме приказната за нашите предци како достојни наследници. Ние сакаме да го откриеме минатото за подобро да ја градиме иднината, истакна Енгин Насух, раководител на проектот, советник кустос археолог во НУ Завод и Музеј Битола.

Реклама

Проектот се реализира во соработка со Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД. Во македонскиот тим освен раководителот Насух, на терен работаат Слободан Стојкоски – заменик раководител, и  соработниците Моника Нолева,  Славе Стојанов и Стефан Малбашиќ, додека американскиот тим го предводи Ник Ангелоф како кораководител, Џесика Морис и уште 25 студенти и волонтери од САД.

Археолошкиот локалитет Градиште се наоѓа на 12 километри од Битола, град од античко време, град кој егзистирал во времето на македонската држава и подоцна во римскиот период. Македонско-американски тим од археолози минатата година на локалитетот Градиште-Црнобуки открија и слој од доцниот енеолит или почетокот на бронзеното време како и една фрагментирана женска фигурина.

Археолозите користат специјалната опрема и технологија, со која обезбедија наоди кои се постари од времето на Филип V, а можеби станува збор за градот Линк, главен град на Линкестида.