Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Македонија

Македонските власти паднаа во бугарската стапица – Скопје и даде сила на Софија

Падна ли Македонија во замката на Бугарија, па на македонски терен се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна ли Македонија во замката на Бугарија, па на македонски терен се најде во шах мат ситуација, каде бугарите низ мала врата ќе сакаат да протнат ново вето? Иако МВР се фалат дека во саботата добро ја завршиле работата и денот минал во најдобар ред, сепак Бугарија не го гледа тоа така, и најмалите инциденти ги толкуваат како напад врз нив. Неколкумина бугарски патеници  реагираа дека наводно врз нив се вршел терор, почнувајќи од настаните на граничниот премин Деве Баир, се до нивното приведување.

Професорот Жидас Даскаловски, смета дека полицијата не баш добро се справила со целата ситуација, посочува дека денот бил несмасно организиран.

Се работи за едно несмасно однесување на полицијата, каде што се покажа нефункционалност во смисол на тоа дека паднал системот на управување со граничниот премин за евиденција на патниците. Од една страна, тоа дава сомнежи дали навистина е така или е намерно направено да се спречи навремено доаѓање на бугарска делегација, а од друга страна имаме едно ригорозно претерано однесување во смисла на безбедносни некакви процедури за обични граѓани да можат да го чествуваат денот на Гоце Делчев, што се случување во околина на црквата Св. Спас. И во двете варијатни се работи за едно несмасно и несоодветно однесување на полицијата. коментира Жидас Даскаловски – универзитетски професор

Реклама

Се поверојатно е дека по инцидентите кои се случија во саботата, Македонија од страна на Бугарија пред Европската Унија ќе биде претставена како опресивец, а тоа е така бидејќи години наназад македонската влада води погрешна политика, смета Даскаловски.

Се доведовме од жртви во насилници бидејќи во последниве години заевизмот преовадува во смисла на тоа да се обидуваме да ги задоволиме апетитите и интересите и на албанската заедница во Македонија и на грчката држава и на бугарската држава, кога треба да протестираме, кога треба да се буниме ние сме молчеливи, кога треба соодветно да реагираме несмасно реагираме, кога треба да се избориме за одредени права и обвски под притисок на Бугарија и на Европската Унија, ние молчиме, така што генерално таа политика е погубна и треба час поскоро да престане вели Жидас Даскаловски – универзитетски професор.

Дел од експертската јавност е едногласна, секојдневното попуштање на барањата на соседите и меѓународната заедница од страна на Македонија, игнорирањето на навредите и негирањето на македонскиот народ од Бугарија е погрешна политика, оти секоја одбрана сега ќе биде толкувана како напад, а тоа би можело да доведе до ново вето од официјална Софија.

Мери Симоновска