Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Клековски: Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни теста од испитаните примероци

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе иматри последователни негативни теста од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека, според прописите, не постои техничка вода и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија.

– Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без третман, а кај петтата категорија со ниеден третман не може да ја оспособите за каква било употреба, вклучително и за наводнување во земјоделството. Според експертите за хигиена, вода за употреба е онаа што може да се пие, односно да се внесе во дигестивниот тракт, вклучително и преку храна, како миење салати, а нетермичката обработка на храната претставува ризик. Сè што е надвор од тоа може да се употребува за лична хигиена и за други цели – рече Клековски одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата по повод актуелната епидемиолошка состојба.

Toj појасни дека за сите други намени, како лична хигиена и други технички потреби, водата може да се користи.

Реклама

– Значи, она што вчера беше потврдено од Управувачкиот комитет е дека водата во моментот може да се користи за други цели, освен да се внесува во телото и да се користи за третман на храна што не е термички обработена – потенцира Клековски.

Во врска со тоа дали таа вода може да се користи за наводнување, рече дека со вода од водоводот не би требало да се врши наводнување.