Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Свет

Кина ги отфрли обвинувањата на Трамп за нивно мешање во американските избори

Кинеската Влада ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за кинеско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кинеската Влада ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за кинеско мешање во американските избори, оценувајќи ги како „измислици“.

„Релевантните тврдења од американската страна се чисти измислици и злонамерни клевети, кои одамна се разобличени како неосновани изјави“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, на прес-конференција во петокот.

Тој нагласи дека „Кина нема интерес во американските избори и никогаш не се мешала во нив“.

Реклама

Портпаролот додаде дека светот „многу јасно гледа кој е тој што по навика се меша во внатрешните работи на други држави“.

Според Лин, Пекинг го повикува Вашингтон „да го преиспита сопственото однесување, да престане неосновано да ја оцрнува Кина, да не ја користи Кина како тема во изборната кампања и да направи повеќе за подобрување на односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави“.

Доналд Трамп преку обраќање до нацијата ја обвини Народна Република Кина дека во 2020 година го извршила „најголемиот грабеж на изборни податоци во историјата“ и незаконски прибрала повеќе од 220 милиони избирачки досиеја од САД.