Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Скопје ќе добие нов еколошки штит. Со полна пареа се гради пречистителната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје ќе добие нов еколошки штит. Со полна пареа се гради пречистителната станица во главниот град, најголемиот еколошки проект во Македонија, што претходната скопска градоначалничка го блокираше. Со примена на современата технологија ќе се врши примарен и секундарен биолошки третман на отпадните води, со цел подобрување на квалитетот и заштита на животната средина. Изградбата предвидува 60 објекти што ќе го прочистуваат Вардар.

„По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата се одвива со забрзана динамика и согласно планираниот работен план.“- објави градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Повеќе од 40% од проектот се веќе завршени. Според предвиденото, станицата ќе се простира на 184.610 метри квадратни, помеѓу општините Гази Баба и Аеродром. Меѓу објектите ќе биде и  пумпна станица за сирова вода со лев и десен колектор, како и таложници за песок и маслофаќачи. Градоначалникот на град Скопје во својата објава вели дека реализацијата на проектот ќе се одвива во две фази.

Реклама

„Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година.

Потоа следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.“- вели Ѓорѓиевски.

Проектот е вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската банка за обнова и развој, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската Унија.

Инаку, пречистителната станица започна да се гради за време на мандатот на Петре Шилегов, но неговата наследничка никогаш не го доврши. Според првичните планови станицата требаше да биде готова уште во 2025 година, но блокадите на Арсовска го одложија градењето.