Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Македонија е најевтината европска држава според истражувањата на Евростат. Просечната кошничка врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е најевтината европска држава според истражувањата на Евростат. Просечната кошничка врз основа на 2000 производи и услуги кај нас чини околу половина од просекот во Европската Унија. Тоа значи дека производите кои во Унијата просечно чинат 100 евра, во Македонија се околу 50 евра. Според податоците, индексот на потрошувачки цени во Македонија изнесува 49,7.

Во анализите учествувале 36 европси земји, меѓу кои 27те членки на Европската унија и шесте земји кандидати. Споредбено со сите Македонија има најниски цени за храна, облека, алкохол и цигари.

Во споредба, најскапо е во Луксембург за храна и безалкохолни пијалоци, Ирска е со највисоки цени за алкохол и цигари, додека Данска е најскапата земја за облека и обувки. Помеѓу членките, Романија има најниски цени за храна и безалкохолни пијалаци.  

Реклама

Од Евростат појаснуваат дека најголема разлика во цените е забележана кај алкохолните пијалаци и тутунот. Ова главно се должи на големите разлики во даночните стапки за овие производи во 36-те земји.

Сепак економистите предупредуваат дека ниските цени не значат и повисок животен стандард бидејќи истражувањето е базирано само врз цените на стоките и услугите, но не и платите

Бројките секогаш треба да се гледаат заедно со заработката. Она што е важно за животниот стандард не е дали цените се високи, туку што може да се купи за месечна плата“, изјави за „Еуроњуз бизнис“ професорот Роберт Инклар од Универзитетот во Гронинген.

Инаку Владата разговара со трговците, производителите и дистрибутерите со цел да се заузда инфлацијата на храната и таа да се одржува под 3 отсто.

Граѓаните се надеваат дека наскоро ќе почувствуваат олеснување на семејниот буџет. Други пак, не се големи оптимисти дека цените значително ќе се намалат.

„Верувам во Владата, се надевам дека ќе поефтинат цените бидејќи навистина почнавме да го чувствуваме на своја кожа покачувањето.“– велат граѓаните.

Позицијата на премиерот е дека основните прехранбени производи мора да поевтинат, и порача, дека,  доколку тоа не се случи, Владата има механизми како да се справи со самоволието на пазарот.