Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Tоп

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

Државниот авион како приватно такси, службената картичка како личен паричник. Ова се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот авион како приватно такси, службената картичка како личен паричник. Ова се дел од тешките обвиненија против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски.

Според обвинението, Мирчевски со години ги користел државните привилегии за лични потреби. Летал со владиниот „Лирџет 60“, се гостел во хотели и ресторани на товар на државата, без оправдани службени причини.

Обвинителството тврди и дека тој и неговата сопруга бесплатно користеле изнајмени возила од рент-а-кар компанија, која во исто време добивала владини договори, што отвора сомнежи за можен судир на интереси.

Реклама

Со ваквото работење на Мирчевски, според обвинението, буџетот бил оштетен за околу 130 илјади евра. Мирчевски е обвинет за злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа.

Дали државните пари биле користени како личен буџет, ќе треба да утврди судот.

„Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година, го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените овластувања и, без да постои основ за упатување на службен пат надвор од земјата, за себе и за повеќемина вработени во СОЗР потпишувал решенија и патни налози за патување.За приватни потреби и без да постои основ, го користел владиниот авион „Лирџет 60“, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршеле плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име.На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од речиси 41.600 евра“, пишува во предлог обвинителниот акт.

Обвинителството отвора и уште едно прашање поврзано со пилотот кој го управувал владиниот авион. Тој не ги исполнувал безбедносните стандарди за летање со „Лирџетот“, но и натаму земал плата.Според обвинението, Мирчевски, иако знаел за тоа, не презел ништо и предизвикал штета од над 87.000 евра.

Инаку, Пеце Мирчевски беше директор на СОЗР повеќе од седум години. Извршуваше високи партиски функции, а го предводеше и Централниот одбор на СДСМ.

Дека имало сериозни злоупотреби и недомаќинско работење во СОЗР, потврди и ревизорскиот извештај кој излезе во февруари годинава. Меѓу најголемите забелешки се набавките на возила од висока класа преку лизинг, без јасни правила и проценка дали тие навистина ѝ биле потребни на државата.Ревизорите укажаа и на проблеми со кадарот во СОЗР, каде што имало голем број привремено ангажирани лица, што го доведува во прашање квалитетот и континуитетот на работата на институцијата.