Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат, меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат безбедносните ризици на своите згради( фасади и покриви), како и апел до општествено одговорни фирми и партнери да се вклучат со својата механизација во расчистувањето на паднатите кровни конструкции.

Дополнително, хигиеничарите на ПОЦ ќе бидат распоредени во неколку смени за да бидат постојано присутни на терен и да помагаат во расчистувањето на паднатите дрва, гранки и други остатоци.

Реклама

-Безбедноста сега е клучна. Мора да има координација меѓу куќните совети и станарите, а солидарноста и одговорноста мора да бидат на високо ниво. Нашите екипи на терен се поделени во две смени, а попладневната екипа е подготвена да реагира и доколку има ново невреме. Дополнително, и администрацијата во Општината доби наредба да се вклучи во напорите за расчистување. Сите сили мора да ги впрегнеме заедно, затоа што станува збор за елементарна непогода – истакна Герасимовски.

Од општината посочуваат дека во текот на синоќешните и денешните активности се расчистени повеќе локации низ Центар. Со тешка механизација се подигнати лимените конструкции од крововите на повеќе места, меѓу кои во Буњаковец, на улицата „Благоја Давков“, спроти трговскиот центар „Рамстор“ и кај „Агромеханика“. Во исто време интензивно се работи на отстранување на паднати дрва, гранки и шут низ улиците.