Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

ВРЕДИ: „Охридско лето“ е симбол на културата, традицијата и обединувањето на народите

Културата е еден од најважните столбови на идентитетот и дијалогот меѓу народите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Културата е еден од најважните столбови на идентитетот и дијалогот меѓу народите, а настаните како „Охридско лето“ сведочат дека уметноста има моќ да ги обединува луѓето без оглед на разликите, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Отворањето на 66. издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето“, со величествениот настап на светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо, придружувана од Оркестарот на Операта и Балетот, означи достоинствен почеток на еден од најзначајните културни фестивали во Македонија и регионот.

„Охридско лето“ не е само фестивал, туку традиција и вредност која со децении гради мостови меѓу културите, народите и генерациите. Во текот на 40 фестивалски денови ќе бидат реализирани околу 50 уметнички програми од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот, со учество на повеќе од 700 афирмирани уметници од 24 земји од светот.

Реклама

ВРЕДИ останува посветен на унапредувањето на културата и поддршката на иницијативите што ги промовираат уметничките вредности, културниот дијалог и претставувањето на нашата држава на меѓународната сцена.

Посакуваме 66. издание на „Охридско лето“ да донесе незаборавни уметнички доживувања и уште еднаш да ја потврди улогата на културата како мост на соработка и меѓусебно разбирање меѓу народите.