Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВРЕДИ: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајаз

Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе“ граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години“!, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ветувањата, туку не дава никаква политичка одговорност. Двата гигантски резервоари што ги вети и во 2022 година за решавање на проблемот со водата за пиење, донација од Швајцарија, исто така не беа направени.

Прашањето е; Каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија?

Реклама

Другото прашање; Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајаз?

Иронијата е голема. Зборовите што некогаш Таравари им ги упати на своите политички противници денес се јасен одраз на неговиот неуспех. Стандардите не можат да се менуваат според политичкиот интерес. Ако во 2017 година секое сомневање беше причина за сериозни обвинувања, денес фактите ја прават ситуацијата уште поалармантна.

Граѓаните немаат потреба од оправдувања, туку очекуваат одговорност, транспарентност и отчетност, а не молчење. Им треба безбедна вода и функционални институции.

ВРЕДИ бара целосна одговорност за секој функционер кој не успеал да го заштити јавното здравје и бара целата вистина да излезе на виделина. Никој не може да се крие зад својата позиција, партија или молчење.

Арбен Таравари мора да им одговори на граѓаните на Гостивар со истиот стандард што го бараше од другите. Бидејќи одговорноста не е слоган за опозицијата; таа е обврска и кога се води локалната самоуправа.