Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Во Собранието ќе заседаваат шест комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за социјална политика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година.

На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање.

Реклама

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на членови на Советот за граѓански надзор и Разгледувањето на пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија број 142/2026).

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, во прво читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди во прво читање, Барањето за давање на автентично толкување на член 20 од Законот за комунални такси, поднесено од градоначалник на општина Охрид, Барањето за давање на автентично толкување на член 2 од Законот за дополнување на Законот за возила („Службен весник на Македонија” број 87/2023), поднесено од пратеникот Скендер Реџепи, Барањето за давање на автентично толкување на член 258-а став 1 од Законот за работни односи (,,Службен весник на Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021, 111/2023, 39/2025, 74/2025 и 124/2025, поднесено од пратениците Антонијо Милошоски, Љупчо Пренџов, Бојан Стојаноски, Драгана Бојковска и Малиша Станковиќ и Барањето за давање на автентично толкување на член 25 став 1 точка 9 од Законот за даноците на имот, поднесено од Градоначалникот на општина Кочани.