Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава

Во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, денеска, во 18 часот, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, денеска, во 18 часот, ќе се одржи постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата, со цел да се утврди бројот на лица подготвени организирано да се вклучат во гаснење на летните пожари на отворен простор преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како што информираат од ДЗС, на настанот директорот на Дирекцијата и командант на силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ќе ги претстави плановите и очекувањата за претстојната летна сезона, како и насоките за формирање нова внатрешна структура и хиерархија за поефикасна координација и командување со тимовите составени од доброволни пожарникари.

– Целта на новата структура е нивно прецизно, ефикасно и рационално вградување во системот за гаснење пожари – велат од ДЗС.

Реклама

Според Дирекцијата, новата структура треба да овозможи попрецизно, поефикасно и порационално интегрирање на доброволните пожарникари во системот за гаснење пожари. Истовремено, се очекува да придонесе за побрза размена на информации, поефикасно носење одлуки, појасно пренесување наредби и одржување високо ниво на дисциплина на терен.

Во своето обраќање директорот на ДЗС ќе говори и за идните планови за развој на доброволното пожарникарство во земјата.

– По завршувањето на постројувањето, ќе продолжиме со голем работен состанок на отворено, на кој доброволните пожарникари ќе имаат можност да се запознаат помеѓу себе, да разменат мислења и искуства. Воедно, и јас ќе имам можност да го слушнам нивното мислење, како и нивните потреби, барања и сугестии за подобро функционирање во текот на летото – дополнуваат од ДЗС.