Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Бугарија го слави Илинден-Радев со честитки до Пендаровски за „Заедничкото културно и историско минато “

Илинден се празнува и во Бугарија. 120 години од ослободување на бугарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден се празнува и во Бугарија. 120 години од ослободување на бугарскиот народ во Македонија и Одринска Тракија, со овие зборови бугарската национална телевизија БНТ ја отпочна утринската програма на најголемиот државен празник кој го празнува Македонија, Илинден. Јавниот сервис во Софија потготвил богата програма на тема борбата на Бугарите за време на Илинденското востание.

Како што информира бугарскиот јавен сервис, во 1903 та загинале над 5000 луѓе, а 30.0000 Бугари биле приморани да се преселат во слободна Бугарија.

Бугарскиот претседател Румен Радев упати честитичка до својот македонски колега Стево Пендаровски во која вели дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание и тоа е голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија.

Реклама

Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани. Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите.  Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа, стои во честитаткта на Радев до Пендаровски.

Од 31 јули секоја недела во 18 и 30 БНТ веќе емитува документарен серијал со наслов  „Македонско-одринска револуционерна галерија“  во кој ќе бидат прикажани портрети на Гоце Делчев, Христо Татарчев, Иван Гарванов, Михаил Герџиков, Борис Сарафов, Јане Сандански, Даме Груев, Иван Цончев и други.

Од вчера, Бугарите веќе го гледаат филмот „Мерка по мерка“, кој е во седум дела и во него се зборува за борбите на Бугарите за време на Илинден.  

БНТ премиерно ќе емитува и документарен филм со наслов „Бинографски белешки на еден Костурски војвода“, а исто така ќе врши и директен пренос од свечената церемонија пред споменикот на непознатиот војник во Софија.

Паула Костадиноска