Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив.

-Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен под контрола. Храбрите велешки пожарникари со поддршка од тим од Национални шуми успеаја да воспостават контрола врз овој пожар. Во гасењето на овој пожар поддршка даде и еден воздухоплов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент наредив негово повлекување, бидејќи нема потреба од ер-трактор понатаму да дејствува на овој пожар, изјави Ангелов. 

Вториот тежок пожар, како што кажа, се наоѓа на територијата на општина Дојран и избувна на граничната линија помеѓу Македонија и Грција.

Реклама

-Пожарот почна да се шири во двете насоки – кон грчка и кон македонска страна денеска попладне, а нешто потоа се искачи по блиските ридишта на терен кој е исклучително тежок за движење – обраснат со многу трње и грмушки, како и друга висока вегетација. Поради ветерот кој се уште дува овој пожар се закануваше да се движи во насока на куќите, но благодарение на акцијата на гевгелиските пожарникари кои работат на негово гаснење со поддршка на добровилци пожарникари од Дојран веќе е воспоставена делумна контрола и очекувам во наредниот период да биде воспоставена целосна контрола и да биде изгаснат во текот на ноќта. Други потешки пожари во овој момент немаме, потенцира Ангелов.

Апелирше граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи, како што посочи, сезоната на пожари оваа година започна порано отоклку во минатата година. Информира дека  Владата прогласи кризна состојба за справување со пожарите која стартува од утре.