Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Александар Јанев, директор на БЈБ: Законот важи за сите – правдата стигнува, а одговорност ќе има за секој пропуст

Синоќа беше детектиран, лоциран и лишен од слобода бегалецот од Кочани. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќа беше детектиран, лоциран и лишен од слобода бегалецот од Кочани. По интензивна потрага, лицето кое во петокот побегна од просториите на Полициската станица Кочани е пронајдено и приведено во Скопје. Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност – објави на Фејсбук директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Како институција, додаде Јанев, целото наше колективно и индивидуално знаење, искуство, посветеност и интегритет ги вложуваме во борбата против криминалот и во исполнувањето на нашата основна задача заштита на граѓаните и испорачување безбедност.

-Истовремено, сакам јасно да порачам дека со пронаоѓањето на бегалецот не завршува и нашата обврска за целосно расчистување на случајот. Внатрешната истрага продолжува и секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури. Должни сме да бидеме отчетни, транспарентни и да постапуваме со интегритет. Без разлика што лицето е повторно лишено од слобода, пропустите мора да бидат утврдени, а одговорност мора да има – нагласи Јанев.

Реклама

Тој упати благодарност до колегите и раководството на СВР Скопје кои со брзо, посветено и професионално постапување преку овој случај покажале и потврдиле  дека полицијата има капацитет и решителност да се справи со секој предизвик.

-Продолжуваме одлучно, професионално и со интегритет во борба против криминалот и за безбедноста на граѓаните – истакна Јанев,.