Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски истакна дека по три години привремени решенија, трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“.
-Денес, на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „ЛукОил“, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на целосна санација на сериозен дефект кој со години претставуваше проблем за жителите на Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани и Зелениково – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Нагласи дека станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, настанато при градежни активности пред три години. Наместо трајно решение, додаде тој, дефектот досега бил саниран само привремено, поради што проблемот постојано се повторувал.

-Со денешниот зафат се врши целосна замена на оштетениот дел од цевката во должина од пет метри, со што конечно се обезбедува сигурно, квалитетно и долгорочно решение, пред изградбата на булеварот „Борис Трајковски” – нагласи Ѓорѓиевски.
Целата објава и фотографии може да ги погледнете на следниот линк:
Тој им се заблагодари на граѓаните за трпението и разбирањето во текот на интервенцијата.
-Посебна благодарност до екипите на ЈП „Водовод и канализација“, кои со максимална посветеност и ангажман работат овој тригодишен проблем уште денес да стане минато. Решаваме темелно и трајно! – истакна градоначалникот на Скопје.
