Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба.

-Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. Заедно со министерот Ерџан Демир, ги посетивме овие луѓе уште во периодот кога ја барав нивната поддршка. Тогаш слушнав многу приказни, дека со децении биле посетувани само пред избори, дека им биле давани ветувања и дека потоа сите ги заборавале. Тогаш, им дадов збор дека времето на лажните ветувања завршува. Денес повторно сме тука, лице в лице со истите луѓе со кои си подадовме рака, но не со ново ветување, туку со работа! – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Како што посочува, за првпат ја реконструираат улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба.

Реклама

-Поставуваме околу 4.000 квадратни метри нов асфалт, со што обезбедуваме побезбедно, полесно и достоинствено движење за жителите. Поставуваме и ново детско катче, а целосно го реконструираме спортскиот терен за децата и младите да имаат свое безбедно место за игра, спорт, дружење и правилен развој. Ова е само почеток на градежната офанзива во Горно Оризари. Нема заборавени населби. Нема повеќе празни зборови. Секој скопјанец заслужува нормални услови за живот и тоа ќе го обезбедиме со работа, посветеност и исполнет збор! – потенцира Ѓорѓиевски.