Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка од функцијата

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

– До судот од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши – информираат од Уставниот суд. 

За МИА од собраниската прес служба потврдија дека уставниот судија ја доставил оставката, но не се откриваат причините за тоа. 

Реклама

По неговото заминување, Уставниот суд ќе остане со седум судии.

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава со 63 гласа „за“, седум против и без ниеден воздржан.