Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Сиљановска-Давкова: Една изборна единица е добро решение, во Изборниот законик имаме чудно решение, кое ја дискриминира дијаспората

Една изборна единица е добро решение, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една изборна единица е добро решение, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако како решение го има во две до три држави, сепак претседателката смета дека добро е тоа да го има и кај нас.

– Иако е ретко решение, дали го има во две или три држави, сепак добро е да го има кај нас затоа што во разни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има иста тежина – рече вечерва Сиљановска-Давкова во гостување на една од националните телевизии. 

Во однос на дијаспората, претседателката нагласува дека според Уставот, избирачкото право, без разлика дали е активно или пасивно, се врзува со државјанството и смета дека во Изборниот законик имаме чудно решение, кое ја дискриминира дијаспората. 

Реклама

– Најголем број држави на светот ѝ дозволуваат на дијаспората да гласа. На прсти може да се избројат, можеби две, што не дозволуваат дијаспората да гласа, а има една или две држави во кои, по истек на 10 години, не може дијаспората веќе да гласа. Но она што е чудно кај нас е што на локални избори гласа дијаспората, тоа е непознат феномен – вели Сиљановска-Давкова. 

Невозможно е да се испраќаат луѓе во дипломатско-конзуларните претставништа, вели Сиљановска-Давкова, и затоа најчесто се посегнува кон електронско гласање или гласање по пошта. 

Во однос на забелешките од опозицијата дека електронското гласање може да биде можност за изборен грабеж, претседателката со став дека токму опозицијата е таа што овозможи електронски попис. 

– Опозицијата овозможи регистрирање по електронски пат на попис, непознат феномен бидејќи на попис се регистрираат само оние што се најдолго 12 месеци надвор. Кај нас си се регистрираа електронски и тие влегоа во пописните резултати, што беше спротивно на правилата во Советот на Европа – посочи Сиљановска-Давкова.

Според неа, добро е да има консензус за Изборниот законик. Смета дека треба да се постигне консензус за платеното политичко рекламирање.

Во однос на техничката влада,, која се укина со закон, чиј указ го потпиша, Сиљановска-Давкова рече дека решението што сме го имале било партиско. 

– Јас сум за техничка влада каква што постои во Бугарија, каква што постои во Грција, во Италија. Нивната цел е да обезбедат фер и демократски избори, без никакво партиско влијание. Она што го имавме ние е нешто сосема друго – рече Сиљановска- Давкова.