Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Тензиите на релација САД-Иран шести ден по ред, не стивнуваат. Нови бомбардирања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тензиите на релација САД-Иран шести ден по ред, не стивнуваат. Нови бомбардирања последните 24 часа, не му се гледа крај на огнот за скоро. Според Иран, во најновата низа напади, чија е цел е да се придобие контрола на Ормускиот Теснец, погодена е и цивилна инфраструктура како мостови и еден аеродром, додека министерот за одбрана на Америка Пит Хегсет објави снимка од иранска контролна кула како гори. Техеран одговори со ракетни напади врз американските бази кои се наоѓаат во соседните држави Јордан, Бахреин и Кувајт и за прв пат нападнаа цел во Сирија, проширувајќи ја војната на уште една територија.

Очекувано, вакавата ситуација резултира со цени на суровата нафта „Брент“ до 86 долари за барел додека американската сурова нафта „Западен Тексас Интермедијар“ се ближи до 81 долар за барел а некои аналитичари предупредуваат дека, доколку продолжи конфликтот, има можност цените да стигнат и до 100 долари за барел.

Реклама

Тешката состојба на конфликтот околу Ормускиот Теснец останува препрека за глобалната економија. Покрај сите напори за неговото спречување како меморандумот на разбирање што го потпишаа двете страни и гласањето на американскиот конгрес во јуни за прекин на војната, двете страни, се чини, се презакрвавени за да се види крај на војувањето. Откако би го презел Ормускиот Теснец, Трамп изјави дека ќе наплаќа 20% данок за поминување низ теснецот а потоа се повлече и рече дека ќе направи договори со земјите од заливот каде тие ќе инвестираат во САД.