Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Македонија

Ристески: Максимален надзор на пазарната инспекција, маркетите неосновано да не ги зголемуваат цените на производите

Овој период ќе има максимален надзор од пазарната инспекција. Буквално на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој период ќе има максимален надзор од пазарната инспекција. Буквално на сите маркети, дистрибутери, добавувачи и проиводители за да видиме каде има поголеми маржи и доколку има поголеми, неосновани маржи, да може да се намалат или да бидат на исто ниво со цел да не се зголемуваат цените, а со тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните. Ова го изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески при денешниот престој во Прилеп, во Центарот за вработување следејќи го текот на мерката за самовработување. 

Ристески рече дека ова е договорено по средбата со маркетите во кабинетот на премиерот, а договорот опфаќа тие неосновано да не ги зголемуваат цените на производите.

-Се договоривме неосновано да не ги зголемуваат цените на производите. Договоривме дека овој период ќе имаме максимален надзор од пазарната инспекција. Македонија има најниски цени на Балканот и во Европа, меѓутоа, сѐ уште има простор за стапката на инфлација, која, исто така е најниска на Балканот иако малку е зголемена поради воениот конфликт, да оди надолу – изјави Ристески.

Реклама

Ристески најави дека идната недела треба да има состанок со увозниците и дистрибутерите.

– Веќе наредната недела има најава за состанок со  увозниците и со дистрибутерите на, барем, оние основни производи што се дистрибуираат во маркетите кои се потребни за едно просечно македонско семејство. Ако воениот конфликт заврши и цената на енергенските се нормализира, очекуваме инфлацијата да биде на ниво од 3 проценти, рече заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески при денешниот престој во Прилеп.