Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе биде прикажан на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. Тој заедно со екипата од филмот денеска на прес конференција говореа за мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, кинематограферот, како ги избирале кадрите за снимање.

-Се почна од приказната за Силјан Штркот и тоа го поврзав со мојот живот бидејќи јас сум роден во Македонија и кратко време сум живеел тука, а сега веќе 15 години живеам во Холандија. Едноставно се идентифкував со приказната, а кинематографијата има и еден магичен свет. Урбаниот дел од филмот е сниман во Холандија, а руралниот во Македонија, бидејќи јас го живеам тој живот во Холандија, а цело време ме следеше желбата за враќање дома. Филмот е за потрагата по корењата, а во тоа голема помош имав од соработниците-актерите Христијан Крстевски, Талија Ѓорѓиева и Тони Наумовски. рече Трпков.
Публиката во Дојран, синоќа имаше ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Станува збор за иранскиот филм „Коцкарот“, кој го турка иранското жанровско кино на смела нова територија како сајбер-трилер заснован на вистински случај на дигитална војна, допирајќи се до глобалните вознемирености околу податоците, довербата и невидливите непријатели.
Филмот ја демонстрира способноста на иранската индустрија да се движи помеѓу поетскиот реализам, интимната социјална драма, мета-кинематската носталгија, етичкиот хуманизам и висококонцептуалниот трилер.

Претходно беше прикажан македонскиот краток филм „ТЛСМ“ во режија на Филип Момировски, кој предизвика бурни реакции и аплаузи кај публиката. Станува збор за филм кој ја обработува темата за врсничкото насилство, мошне актуелна тема, за која како што рече режисерот треба да се зборува. Инспирација за филмот му бил настанот во училиштето „Рибникар“ во Србија, но со оглед на тоа што и кај нас станува се почеста тема, Момировски истакна дека и родителите и училиштето и целата држава се одговорни и треба да влијаат тоа да не се повторува повеќе.
-Тоа е нов вид на насилство. За жал никако булингот да стане бајата тема кај нас, еве деновиве пак гледаме такви примери. Комплетно целото општество е одговорно и треба да влијаеме да немаме повеќе вакви случувања. Мораме сите да се вратиме на онаа филозофија декае потребно цело село за да се израсне едно дете, тоа ни е потребно и мислам дека треба да ги слушаме децата, да не ги запоставуваме и повеќе да им се посветиме, рече Момировски.

Реклама

12 Јули НЕДЕЛА – Амфитеатар Дојран
КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА
20:30 МРТВИ КОРЕЊА, режија Меглен Анжик Трпков / ХОЛАНДИЈА, МАКЕДОНИЈА
DEAD ROOTS / directed by Meglen Anzik Trpkov / HOLLAND, MACEDONIA / 2026 / 25 min

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА
21:00 ОДРАЗОТ ВО МРТВИОТ ДИЈАМАНТ режија Елен Кате, Бруно Форцани / БЕЛГИЈА / 2025
REFLECTION IN A DEAD DIAMOND directed by Hélène Cattet, Bruno Forzani / BELGIUM / 2025 / 87 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА
22:30 БАДНИКОВИ СВЕТИЛКИ, режија Ѓорѓи Лазов / МАКЕДОНИЈА
CHRISTMAS LIGHTS / directed by Gorgi Lazov / MACEDONIA / 2025 / 17 min
23:00 ЗА ЕВА, режија Бојан Василев / МАКЕДОНИЈА
FOR EVA directed by Bojan Vasilev / MACEDONIA / 2025 / 14 min