Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија“ вечер во Музејот на Современата уметност

Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“ ќе биде отворена вечер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“ ќе биде отворена вечер во Музејот на Современата уметност во Скопје. 

-Изложбата претставува 80 примери на објекти, инженерски градби, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа осветлува еден поретко разгледуван аспект на Јапонија, истражувајќи како Јапонците се соочувале и живееле со природната средина и како низ тие предизвици создале и го зачувале локалниот идентитет, велат од Јапонската амбасада во Скопје. 

На изложбата се претставени и некои од највлијателните имиња во современата архитектура и дизајн. Меѓу нив се добитниците на Прицкеровата награда Шигеру Бан и Арата Изозаки, како и Кенго Кума, Јошио Танигучи, Тадао Андо и, секако Кензо Танге – творци чии дела оставиле траен белег врз светската архитектонска и културна сцена.

Реклама

-Осумдесетте проекти се изложени на структури што потсетуваат на оригами – преклопени, аголни и понекогаш кубични форми изработени од шперплоча, внимателно распоредени на подот во Музејот на првиот кат. Нивниот распоред потсетува на стилизирана карта на јапонскиот архипелаг и неговите четири главни острови: Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу. Доживувањето дополнително го збогатуваат серија видео проекции, појаснуваат од Амбасадата.

Куратори на изложбата се Шунсуке Кураката (вонреден професор, Универзитет на град Осака), Сатоши Хачима (професор, Технолошки институт Чиба) и Кенџиро Хосака (куратор, Национален музеј на модерна уметност, Токио).

-Амбасадата на Јапонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Јапонската фондација ве покануваат да откриете една поинаква страна на Јапонија преку патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич низ Јапонија“. Од снежниот север до суптропскиот југ, јапонскиот архипелаг опфаќа богата разновидност на пејзажи и климатски услови. Животот во средина изложена на земјотреси, вулкани, цунами и сезонски бури поттикнал култура на приспособување и отпорност. Архитектурата на земјата претставува сведоштво за оваа издржливост, откривајќи длабоко разбирање и почит кон силите на природата. Набљудувана низ призмата на изградената средина, Јапонија се појавува како пејзаж обликуван од постојаниот дијалог меѓу архитектурата, инженерството и природата, се вели во соопштението од Јапонската амбасада. 

Организаторите на изложбата ги покануваат посетителите да ја откријат земјата од поинаква перспектива, откривајќи приказни за истрајност, снаодливост, креативност и културно богатство вградени во нејзиниот простор.