Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Македонија

Николовски: Постигнавме нов рекорд во наплатата на месечните царински давачки

Во јуни е постигнат нов рекорд во наплатата на месечните царински давачки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јуни е постигнат нов рекорд во наплатата на месечните царински давачки – соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. На прес-конференција во Владата, Николовски информира дека наплатата на давачките во јуни е поголема за над 20 милиони евра од наплатата во јуни 2025 година.

И кумулативно во првите шест месеци од годината наплата на царинските давачки, истакна Николовски, е одлична.

– Во јуни поставиме нов рекорд од постоењето на Царинската управа во однос на наплатата на царинските давачки. Поранешниот рекорд на едномесечна наплата на царински давачки беше 12,4 милијарди денари, а сега, во јуни, заклучно со вчера, изнесува 12,8 милијарди денари, со што постигнавме нова рекордна наплата на вкупни царински давачки месечно. И кумулативно одлично напредуваме. Се трудиме максимално да ги затегнеме чешмите од сите страни и тоа се познава во континуитет. Во првите 6 месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, имаме речиси 50 милиони евра поголема наплата, што значи дека сме на вистинскиот пат. Само во јуни, во споредба со јуни 2025, наплатата е поголема за нешто над 20 милиони евра – истакна директорот на Царинската управа.

Реклама

Николовски ги соопшти овие резултати откога претходно министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска даде отчет за сработеното во изминатите две години не само за Министерството за финансии туку и за институциите што се во негов состав.