Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Економија

ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб

Официјално не е разговарано, ниту е донесена некаква конечна одлука за евентуално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјално не е разговарано, ниту е донесена некаква конечна одлука за евентуално спроведување пензиски реформи, иако се размислува во таа насока. ММФ и Светка банка ќе прават анализи и ќе дадат одредени препораки, но во Вториот столб, секако, ќе се трансферира вкупниот предвиден износ од 19,6  милијарди денари, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што информира, препораките што ќе ги дадат ММФ и Светска банка, не значи дека ќе бидат прифатени од Владата, а се очекува да биде предложено зголемување на старосната граница за пензионирање.

– Официјално во Владата не сме разговарале, но постојано има размислувања. Ги анализираме состојбите и врз основа на тоа ќе постапуваме. За 2026 година целиот износ што треба да се трансферира во Вториот столб, од 19,6 милијарди денари, е планиран и предвиден во Буџетот. ММФ и Светска банка не ги имаат направено комплетно анализите во државата. Сега побараа и ние се согласивме да направат анализа на пензискиот фонд, по што ќе дадат одредени препорки кои не значи дека ќе бидат прифатени од Владата. Ќе имаме анализа на прв, втор столб, да видиме што се случува таму и какви препораки ќе добиеме. Веројатно ќе кажат да ја зголемиме старосната граница за пензионирање, што е очекувано нешто, а дали Владата ќе прифати или не, ќе видиме. Но, да почекаме да ги направат анализите. ММФ дава некои податоци дека најголемиот проблем со пензискиот фонд, генерално, ќе биде проблемот со демографијата. Премиерот има одредени размислувања. Се друго на среден рок ќе се стабилизира, но проблемот со демографијата е сериозен. Ако нема подобрувања, тогаш на подолг рок ќе има сигурно негативни влијанија, истакна министерката.

Реклама

Таа лично смета дека не треба да се зголеми старосната граница за пензионирање, туку дека треба да се остави простор секој сам да одлучи за тоа.

– Во однос на старосната граница лично сметам дека треба да се остави право на избор, да си останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Треба да се даде опција на секого да одлучува што ќе прави понатаму, истакна Димитриеска-Кочоска.