Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Економија

Мицкоски за проектот „Брза пруга“: Оптимисти сме дека камен-темелникот ќе биде на крајот на оваа или на почетокот на следната година

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. 

Соопшти дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финасиери за проектот рече дека има еден и оти јавноста бргу ќе биде запозната. 

На новинарско прашање Мицкоски одгвоори дека не очекува „никакви турбуленции“ што би влијаеле врз реализацијата на проектот поради промените во британската влада.

Реклама

 -Ние сме оптимисти дека до крајот на годината ќе поченеме со камен-темелник. Летово ќе поработиме на договорот со заемодавателот, со потенцијалните изведувачи ќе имаме компетитивен дијалог, така што очекувам, ако биде сè како што треба, или оваа година на крајот или рано на почетокот на следната. Не очекувам да имаме никакви турбуленции поради промените во британската влада.  Сепак, тоа е сериозна држава и тукутака институционалоната меморија не се менува, приоритетите не се менуваат визави кадрите коишто се во владата, изјави Мицкоски по посетата на општина Бутел и почеток на изградба на затворен базен. 

Во однос на другите проекти за кои треба да гарантира владата на Велика Британија во рамки на Стратешкиот договор, претседателот на Владата рече дека можеби во здравството „ќе излеземе од рамката на оние гаранции што ги имаме со британската влада и ќе одиме директно со заемодавателите“.

-Бидејќи таму добиваме услови, кога ќе се земе грант-компонентата, можеби покомпетитивни од тие коишто би ги имале со Договорот за стратешко партнерство. Правевме анализа, цениме дека условите што меѓународните финансиски институции ни ги дадоа за Клиничката болница Штип, болницата во Кичево, Клиничката болница Тетово, Медицинскиот факултет Штип и Студентскиот дом во Штип  се можеби и подобри од тие што ги имаме во Стратешкиот договор со Велика Британија, додаде Мицкоски.