Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево на „Фејсбук“ информира дека во Министерството за одбрана остварил средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на нашата држава.

– Разговаравме за нашата одбранбена соработка, која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување и продлабочување. Германија е наш докажан пријател и сојузник и во моментот работиме на заеднички проекти, кои се од особено значење за македонската Армија и за зајакнување на одбранбените способности. Особено ја цениме германската поддршка и партнерство во развојот на капацитетите на нашата Армија – пишува во објавата на „Фејсбук“.
