Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Економија

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски

Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. 

-Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во јуни месец бруто маржата била 10 отсто, сега е 12 или 15 проценти. Тоа се тие дополнителни 2 до 5 проценти и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5 отсто, тогаш практично, ние би биле земја со најниска инфлација во Европа, во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата  во јуни месец, многу помала вредност во споредба со мај и со април-изјави Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски додаде дека за една недела треба да се објават тие параметри, врз основа на бројките кои што ги добиваат од Државниот пазарен инспекторат.

Реклама

– Исто така, ја дефинираме онаа група од 600-700 производи, каде што правиме анализа, таму ќе ни треба малку повеќе време, бидејќи се влезни-излезни фактори, маржа која што ја имаат дистрибутерите и производителите, визави бруто маржа, која што ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично јас ја работам, така што можеби ќе ни треба малку повеќе време – подвлече премиерот Мицкоски.