Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Манасиевски: СДСМ, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик

Провидна е играта на опозицијата. СДСМ, Левица и ДУИ на следниот изборен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Провидна е играта на опозицијата. СДСМ, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, стои во партиското соопштение од прес – конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии.

Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции.

Реклама

Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија.

Европските функционери велат Македонија е лидер во Реформската агенда и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст токму поради испорака на реформи, истите повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДСМ, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата.

Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине.