Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Прилози

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Македонија меѓу земјите со најбрз напредок на патот кон Европската Унија. Комисијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија меѓу земјите со најбрз напредок на патот кон Европската Унија. Комисијата ќе ги пренасочи неискоритените средства од Фондот за реформи и раст за Западен Балкан кон земјите што покажуваат најголем напредок во спроведувањето на реформите. Најуспешнте земји се Македонија, Црна Гора и Албанија. Кандидатите треба да ги исполнат условите во рок од една година, пред да се прераспределат средствата. Само во првата година рокот беше продолжен на две години, па според ова правило, крајот на јуни беше првиот рок.

„Како што нагласува регулативата, кога реформските чекори не се исполнети и истекоа во грејс периодот, соодветните средства можат да се прераспределат меѓу другите корисници. Во врска со чекорите што требаше да се завршат на 30 јуни 2026 година, Комисијата сега ќе спроведе сеопфатна и објективна процена на сите корисници“, изјави портпарол на европската комисија.

Од вкупно 6 милијарди евра предвидени од Фондот, досега се исплатени околу 673 милиони евра, при што најголемиот дел од средствата се насочени кон три од шесте земји-кандидатки. Најголеми предизвици со исполнувањето на реформските рокови имаат Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Реклама

Фондот за реформи и раст за Западен Балкан е формиран во 2024 година со цел финансиски да ги поддржи земјите-кандидатки во спроведувањето на реформите  неопходни за членство во Европската Унија. Се очекува Комисијата да открие повеќе детали за ова прашање во текот на овој месец.