Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Македонија

Два пожари во Штип, едниот на тврдината Исар, а вториот во Чардаклија

Во Штип се активни два големи пожари – на тврдината Исар и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Штип се активни два големи пожари – на тврдината Исар и во селото Чардаклија, каде што се зафатени фотоволтаични системи.

Во моментов сите противпожарни возила, пожарникари и доброволци од ДПД од Штип, како и населението и волонтери, се на терен во населбата Исар, каде што со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не се дозволува пожарот да дојде до најблиските објекти.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата Исар, која е под тврдината Исар.

Реклама

Според првични информации и искази на очевидци, пожарот избил од искрење од жица на електричен столб.

Јорданов информира и дека во моментов горат и фотоволтаици во селото Чардаклија, каде што има голема материјална штета.

Стојанче Ангелов вели дека на пожарот на тврдината Исар ќе дејствува и ер трактор.

Забранет за сообраќај е дел од булеварот „Гоце Делчев.