Зошто СДСМ не сака нов Изборен законик? Зошто СДСМ не сака да гласа дијаспората? Зошто СДСМ се кара со своите членови, со своите функционери, со аналитичарите, професорите? Зошто СДСМ не разговара со факти, докази и бројки, туку со гола реторика преку популизам? Зошто СДСМ се профилира од некогаш моќна во трета, а некаде и четврта партија во државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорот на сите овие прашања лежи во едноставната констатација: СДСМ не сака Изборен законик, не сака да гласа дијаспората, се кара со сите, лаже и манипулира затоа што се плаши од избори и бега од соочување со народот.
А доказот зошто се плашат од избори е и денешната анкета.

ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од три пати поголемо водство пред СДСМ. Kај нив довербата кај граѓаните оди под 100 илјади гласови. Довербата од само 6% покажува дека на се уште најголемата опозициска партија предводена од Венко Заев, народот уште повеќе ја намалува довербата.
Реформи во СДСМ се повеќе од потребни, бидејќи криминалци како Венко Заев – граѓаните не поддржуваат.
