Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ЗСРСМ: Се оградуваме од секој корумпиран судија, но без генерализација и дополнително поткопување на довербата во правосудството

Здружението на судиите на Македонија (ЗСРСМ) соопшти дека внимателно ги следи настаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на судиите на Македонија (ЗСРСМ) соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето судија од Апелацискиот суд во Скопје и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.

Од Здружението очекуваат надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага во која ќе бидат утврдени сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таква постои, без селективност и со целосно почитување на законските процедури.

Во соопштението се наведува дека во случај на докажана корупција Здружението јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција, кој со своето незаконско постапување ги нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Притоа се нагласува дека ваквите појави не смее да се генерализираат и да се поврзуваат со судиите што чесно, професионално и одговорно си ја извршуваат својата функција.

Реклама

Здружението апелира на целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии, како и на воздржаност од генерализации и сензационализам, кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Здружението на судиите смета дека ваков принципиелен и одговорен пристап треба да биде применет и кон сите други општествени фактори и функционери, кои се склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за губење на довербата на граѓаните во институциите и во системот во целина.

Здружението на судиите нагласува дека при секоја постапка мора доследно да се почитува уставното начело на пресумцијата на невиност како еден од темелните принципи на владеењето на правото и правната држава. – Во овие моменти на граѓаните не им е потребен сензационализам ниту од органите на прогон ниту од политичките структури, напротив, потребно е да покажеме достоинство, неселективен пристап и отчетност, со целосно почитување на човековите права и европските вредности кон кои се стремиме како држава – потенцираат од Здружението на судиите.