Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Жерновски: Надворешната политика на Муцунски е дебакл, донесе само срам, порази и понижување

А СДСМ денеска ја критикуваше надворешната политика на актуелната влада. Велат Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А СДСМ денеска ја критикуваше надворешната политика на актуелната влада. Велат Македонија е „понижена, без ниту еден успех, само со порази“. Андреј Жерновски обвинува дека, наместо ветените подобри позиции, Македонија сега е „заглавена“ со далеку полоша меѓународна позиција од претходно.

Наместо напредок и гордост –министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски донесе срам и понижување. Наместо европска иднина – блокада и неуспеси.

Со Тимчо Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам во поновата историја – заканата за бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент.

Реклама

Ова не е случајност. Ова е директен резултат на погубната, погрешна и вазалска политика на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ обезбеди јазикот да биде впишан во преговарачката рамка. Се потпиша договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, без фусноти, без додавки, без ѕвездички. Значи македонски јазик обезбеден во официјални и обврзувачки документи на ЕУ, прифатени од сите земји членки.

Тоа беше победа на мудрата дипломатија и политиките на СДСМ.  За денеска сите тие победи Муцунски заедно со неговиот шеф Мицкоски да ги претворат во порази.

Министерот Муцунски нема ниту еден резултат, ниту еден постигнат договор, ниту еден пријател стекнат.

Тотален дебакл на надворешната политика.

За една година:
-Македонија нема ниту еден меѓународен успех.
-Нема подобра меѓународна позиција, туку влошена.
-Нема подобри преговарачки позиции, нема подобра преговарачка рамка.
-Нема ниту една нова инвестиција од САД која се ветуваше, туку добивме 33% зголемена царина.
-Европскиот пат е замрзнат, Македонија е зад сите земји од регионот.
-Дипломатската мрежа е разурната, партизирана и нефункционална.
-Наместо во периметарот денеска сме на периферијата на демократскиот свет.
-Македонија денес е без компас, без насока и без глас во светот.

Тоа е резултатот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.

СДСМ ќе продолжи со борбата за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, достоинствена, европска Македонија – со заштиен македонски јазик, идентитет и со јасна иднина.