Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Жените во Македонија поизожени на корупција

Жените во Македонија поизложени на корупција од мажите. Ова го покажува последната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жените во Македонија поизложени на корупција од мажите. Ова го покажува последната анализа на националната мрежа „Жена за жените – „Дојди кај мене после работа, ќе средиме“, „Ќе мораме да најдеме друг начин да завршиме работа“ – ова се најчестите работи кои жените ги слушаат на своите работни места. Според статистиките, жените имаат поголема изложеност на корупција во споредба со мажите, а во Македонија, според експертите, имаме добри закони за родова еднаквост како и институции, тела и комисии за антикорупција но сепак недостасува имплементација на истите.

Изнудата се случува кога пристапот до право услови или можност зависи од нечие дискреционо да. А за возврат се очекува сексуална услуга. Најгруб, најбезобразен, најбрутален тип на уцена и корупција. И тоа ретко е директно, нема никаква пишана трага, не може да се докаже или многу тешко се докажува и секогаш е маскирано како услуга, јас се знам со тебе, блиски сме итн.“- вели политикологот Гордан Георгиев.

Дополнително, според статистиките, колку повеќе жените се вклучени во креирањето политики и се поставуваат на високи раководни функции, толку повеќе се намалува и корупцијата. Од Државниот завод за ревизија велат дека треба да се охрабрат жените да се вклучуваат повеќе во вршењето на овие функции.

Реклама

„Треба системот да го воспоставиме да може да се чувствуваат слободно, да може да одлучат и да сакаат да бидат на тие раководни функции…. Имаме ние одлични закони и стратегии само требА ДА правиме мерки кои што ќе ги подобрат овие состојби и како ќе одиме повисоко со жени вклучени во раководни позиции нас ќе ни се намалува корупцијата.“ вели Гораст Николовски.

Од ДКСК најавија засилена работа во судовите, подобра антикорупциска клима, како и сет на алатки кои ќе детектираат дали жртва на корупција е маж или жена.

Од националната мрежа „Жена за жени“ најавуваат дека ја продолжуваат нивната броба за заштита на жените како најизложени на корупција, велат борбата не престанува овде, ќе се користат сите држани алатки за стоп на родовата дискриминација.