Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека првичните информации за тоа што се случило и зошто децата добиле стомачни проблеми ќе се знаат утре.

Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов попладнево изјави дека кујната е затворена, како потенцијален извор на зараза, а издадено е решение за забрана за работа, во кое се наложуваат и мерки кои треба да ги преземе операторот, односно вонредно чистење, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција и спроведување вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените.

– За констатираната фактичка состојба ќе биде изготвена информација дополнително, по завршување на надзорот. ДСЗИ спроведува вонреден координиран инспекциски надзор по добиеното известување од одделението за епидемиологија на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје за појава на стомачни тегоби кај ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје, согласно Националниот протокол за постапување на надлежните институции во случај на сомнение и појава на алиментарни инфекции и интоксикации, рече Лазов.

Реклама

Додаде дека надзорот се спроведува во соработка со Агенцијата за храна и ветерина, Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска изјави дека од ОУ „Димо Хаџи Димов“ се земени многу мостри на кои се работи попладнево и ќе се работи и во текот на целата вечер. За некои од испитувањата, како што вели таа, потребно е време, но најави дека првичните информации за тоа што се случило и зошто децата добиле стомачни проблеми ќе се знаат утре.  

До здравствените власти има пријави за влошена здравствена состојба со стомачни тегоби кај девет деца, иако денеска од настава отсуствувале 80-тина деца. Според информации на МИА, неколку дечиња поради стомачни проблеми и дехидрираност се хоспитализирани. Освен кај ученици, досега не се пријавени симптоми од вработените во училиштето.

Андоновска претходно денеска информираше дека екипа од техничар и епидемиолог од ИЈЗ беа во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, по сомнежот за труење на ученици. Земени се брисеви од раце, нос и грло на вработени во училишната кујна, од работните површини, а земени се и мостри од храна и вода. Освен ИЈЗ, во училиштето постапуваа и екипи на ДЗСИ и АХВ.