Реклама

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Прилози

Законските измени за Судскиот совет ќе „патуваат“ до Европска Комисија

Новиот закон за судски совет ги помина сите владини процедури и ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот закон за судски совет ги помина сите владини процедури и ќе патува во Европската Комија за проверка. Крајниот рок е јуни до кога треба да ги помине и собраниските филтри и да стапи на сила. Заменик министерот за правда Ален Деребан очекува  во брз период да ни биде вратен од ЕУ и доколку има одредени забележки брзо ќе бидат имплементирани. Потоа ќе биде доставен до пратениците за разгледување и гласање.

  • „Законот беше изработен од работните групи формирани од МП, беа одржани пет јавни расправи од кои четири на подрачјето на сите апелациски судови. Законот беше преведен и испратен до Венецијанската комисија, беа добиени препораките и истите беа инкорпорирани и имплементирани во законското решение. Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на Владата е донесен законот, меѓутоа како претенденти за членство во ЕУ имаме обврска и со заклучок на Владата е задолжено Министерството за европски прашања законот да го достави на мислење до Европската Комисија по однос на имплементирање на препораките кои ги добивме од Оценската мисија“ изјави Деребан.

Во меѓувреме, според актуелниот закон ќе се назначи нов член на највисокото судско тело, бидејќи Судскиот совет најрано три месеци пред истекот на мандатот треба да го информира Собранието кое пак распишува оглас.

  • „Во моментов сите органи и институции се должни да ги почитуваат важечките закони, без разлика во која фаза на донесување се новите закони, кои се дел од реформската агенда, меѓутоа, необлигаторно но требаат и очекувам да ги имаат предвид при изборот и критериумите коишто се содржани во новото законско решение, а кои се дел од препораките на Оценската мисија, “ изјави Деребан.

Како дел од пакетот на реформската агенда за правосудниот систем интезивно се работи и на новиот Кривичен законик. Според заменик министерот, со тоа ќе се корегираат скандалозните измени донесени во 2023 година од СДСМ и ДУИ со европско знаменце. Новиот кривичен ќе опфати и други нови европски директиви а по неговото комплементирање и тој закон ќе биде испратен до Европската комисија.