Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Втор ден штрајк на Управата за матични книги: немаат повик од Владата, граѓаните се нервозни

Затворените шалтери на Управата за водење матични книги го извадија на виделина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворените шалтери на Управата за водење матични книги го извадија на виделина револтот од граѓаните кон службите. Граѓаните незадоволни и од досегашната работа на Управата – коментираат дека и кога нема штрајк – исто како  да има.

Затекнавме граѓани кои допатувале од други градови со надеж дека ќе можат сепак да  извадат потребен документ, се жалат дека тоа што не можат да го добијат може да ги чини и работно место.

Вториот ден од прекинот на работата се одвива  во сите регионални канцеларии на Управата низ државава, информираа од Независниот синдикат.  Одлучни се да одат до крај.

Реклама

Штрајкот се уште тече. Се уште не сме повикани ни од Влада ни од Министерство за финансии, спремни сме и чекаме да не повикаат.  Како што не известија никој не работи се е затворено. Им благодарам на граѓаните за разбирањето, не вршат притисоци се е во ред.  Остануваме до крај додека не  повикаат, изјави за АЛФА потпретседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги Игор Јовановски.

Најгорливиот проблем на вработените е тоа што платите на оние кои со години се во Управата се минимални, а има и такви кои за месец март не го добиле минималецот како што вети Владата. Се плашат дека истото ќе биде и во април.

Со штрајкот, стопирано е издавањето на изводи од матични книги на родени, лични документи како пасоши и лични карти. Нема уписи на новороденчиња и на починати лица, а шалтерите се отворени само за итни случаи и за венчавки кои биле закажани пред почнувањето на штрајкот.

Кристина Алексиеска