Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

„Вреди“: ДУИ си игра пинг-понг со животите на граѓаните

Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред на улиците. Кога зборуваме за „Безбеден град“, зборуваме за животите на луѓето, се вели во соопштението од „Вреди“.

Зборуваме за улици на кои денес некој го губи својот татко, син, сестра, затоа што некој друг мислел дека правилата важат само за другите. И токму на толку сериозна тема самопрогласената „реформирана“ ДУИ, или како што сакаат да се нарекуваат во Собранието, „Европскиот фронт“, докажа дека не е способна да произведе ниеден став, а камоли одговорна политика. Значи, ниту месо ниту риба!

На една конференција граѓаните слушнаа две верзии од истата партија. Во принцип беше „да“, потоа Садула Дураку излегува и самиот признава дека „работите им се збунувачки“. Па за што се тие, за или против. Дали гласаат за законот или го блокираат. Токму така функционираше ДУИ отсекогаш, 20 години со грешки, полурешенија и магла, многу пропаганда, многу алибија и малку решение. На граѓаните им се потребни институции што функционираат, а не партии што играат пинг-понг со јавниот интерес. Безбедниот град не е тема за дневна политика, туку тема за ред и за спасување животи.