Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во исчекување на следниот спин од СДСМ, да ги потсетиме на дел од нивните коруптивни и криминални дејствија

СДСМ стигна до тоа дереџе да држи пресови кој и каде е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ стигна до тоа дереџе да држи пресови кој и каде е вработен во приватни компании и тоа да го претставува за наводен скандал, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За да не биде скандал, СДСМ да појасни дали тој човек не треба да работи во таа фирма или не треба да работи никаде?

Вчера тврдеа дека прво вработениот во споменатата фирма бил роднина на Димче Арсовски и откако спинот им заврши на буниште смислија нов спин, за да се себе оправдаат.

Реклама

Ова е резултат на очајот и паниката, но пред сè безидејноста во редовите на СДСМ.

За потсетување во продолжение ги потсетуваме на безбројните афери чиј носител е СДСМ и нивниот лидер Венко, како „Шпанско село 2“ каде Филипче се стекна со огромен имот на Водно, сомнителните тендери во РЕК Битола и ЕСМ за набавка на јаглен од која фирма, исто така Филипче профитирал и тоа на поклон добил луксузен џип аудито Q8.

Да не ги заборавиме крвавите тендери, планираната набавка на вакцини во корона периодот за цени три пати повисоки од пазарните и тоа од фирми за овошје, ни криминалната приватизацијата на стерилизација во јавните здравствени институции, како ни модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 луѓе за две минути, и тоа за профит од 20%, сето ова во време на министерувањето на Венко Филипче.

Исто така не треба да се заборават ниту криминалите на Драги Рашковски кој, како Генерален секретар на влада си спроведуваше тендерски постапки за набавка на софтвери за кои никој ниту знаел, ниту ги користел.

Потсетуваме и на државното земјиште кое сопругата на Ковачевски го доби од неговата влада за изградба на фотоволтаици, како и на фирмите, исто така за фотоволтаици, на браќата на Заев и Филипче во Дојран за која добиле дозволи во рекордно брзо време.

Долга е листа листата на скандали, афери и наместени тендери во страна на СДСМ, затоа до исчекување на следниот спин, на СДСМ им порачуваме да си ги погледнат своите редови и редно е да ги исчистат од нивните докажани криминални структури, кои сакаат да ги продадат како нови лица.