Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во 18:30 часот со протести во седум градови против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира протести со возила во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира протести со возила во седум градови против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Од партијата ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестите. Протестот во Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

Во исто време најавени се и протести во општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.

Реклама

-Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност. СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.