Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Секој четврти тестиран е заразен од Ковид, Комисијата за заштита од заразни болести потфрли

Секој четврти тестиран во Македонија е заразен со КОВИД. Политиките на власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој четврти тестиран во Македонија е заразен со КОВИД. Политиките на власта крахираа. Комисијата за заштита од заразни болести целосно потфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека за нецела недела имаме 2.000 заболени, онолку колку што Комисијата прогнозираше дека ќе имаме во текот на целата пандемија.

-Пандемијата се уште не е завршена, а бројот на заразени е десеткратно повеќе од прогнозите на Комисијата за заштита од заразни болести и власта. И власта не прави ништо за да спречи уште поголема катастрофа. На праг сме на сезоната на грип, а уште немаме вакцини. Највозрасните и хронично болните се оставени буквално на себе. СДСМ не се потруди ниту да се подготви за есенскиот голем бран на КОВИД. Цело лето преспаа, и не оспособија ниту еден болнички капацитет повеќе, иако знаеја дека ситуацијата ќе биде лоша, резултатот сега го гледаме, преполни болници уште на почеток на есента. Хаосот кој се случува предизвикан од КОВИД е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и власта кои немаат план како да се справат со заразата. Со СДСМ Македонија и граѓаните само тонат во хаосот на пандемијата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.