Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19

“Заев и Филипче наместо да се грижат за здравјето на граѓаните се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Заев и Филипче наместо да се грижат за здравјето на граѓаните се грижат само за своите политички поени. Во сред криза, власта размислуваше политички, а не стручно.” – велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Ситуација е вон контрола уште од сам почеток, кога СДСМ не го послуша советот на ВМРО-ДПМНЕ и не спроведе масовен скрининг преку обемно тестирање на населението, за навреме да ги одвои сите потенцијално заразени, додаваат од прес центарот.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека вориот бран тргна кога во состојба на смирување на заразата, активисти на СДСМ одеа и делеа поткуп низ цела држава во ек на полициски час. Кршејќи го полицискиот час и Уредбите од вонредната состојба за држење на растојание и носење на заштитна опрема директно го загрозија здравјето на граѓаните.

Реклама

Епилогот од игнорантскиот однос се нови 10 жртви. Со што бројот на граѓани кои ги загубија животите од коронавирусот и несовесноста на власта се искачи на 432.

Бројките се фрапантни и кога ќе се погледне бројот на заразени, кој се искачи на 9249 лица. Тоа се 7249 заразени повеќе од што прогнозираше Филипче.

Македонија оди кон провалија. Со СДСМ здравјето и животот на граѓаните е ставен на коцка.