Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО повеќе од два месеца молчи – веднаш да покрене истрага за Онкологија

Повеќе од два месеца Јавното обвинителство молчи и не отвора истрага зошто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од два месеца Јавното обвинителство молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале соодветната терапија, зошто не работел КАТО системот на клиниката за Онкологија и кој се заработувал на грбот на болните граѓани од канцер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Низа информации кои излегоа од граѓани кои биле директно засегнати, информации од медиумите дека се набавувала терапија од омилената веледрогерија, без протоколи и евиденција, информации дека терапијата за болните од канцер завршувала на црниот шазар, како и не користење на КАТО системот само укажуваат дека случајот Диво месо бил планиран и свесно разработена машинерија за богатење и тоа на грбот на најболните“, потенцира опзицијата и додава:

„Дури и вонредната финансиска контрола на клиниката за Онкологија потврдува дека има низа на прекршување на процедурите. И наместо веднаш Јавното обвинителство да покрене истрага, повеќе од два месеца молчи и не открива што точно се случувало на Онкологија.

Реклама

Со ваквиот однос од страна на ЈО се поочигледно е дека сакаат да се прикријат вистинските виновници и се фрла дамка и на оние здравствени работници кои професионално си ја вршат својата работа.

Случајот Диво месо е реалната слика како функционира македонското здравство во владеењето на СДС и ДУИ.

Власта на СДС и ДУИ и за овој скандал е најодговорно и најповикана, бидејќи повеќе од 6 години управува со здравствените институции.

Случајот Диво месо мора да има правна разрешница, кој и зошто се богател на болеста на болните од канцер?

Го повикуваме уште еднаш ЈО да не останува немо и да не бега, туку веднаш да постапи и секој што бил инволвиран во канцер мафијата да биде изнесен пред лицето на правдата.

Мора да се стави крај на канцер мафијата. Мора секој што се огрешил пред законот да одговара“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.