5.5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024 година проектирале 5.5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018 година. Буџетот за 2024 е напумпан, и како и до сега не носи развој, туку криминал и корупција.
Од 2018 година до денес власта потроши 25 милијарди евра низ буџети, и ништо ново не направи. Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите“, стои во партиското соопштение.

„6 години нема ниту еден завршен автопат. Кичево – Охрид е во застој, Скопје – Блаце не е ниту почнат. Каде се трошат милијардите евра од буџетите 6 години по ред? Очигледно е дека наместо кај граѓаните, парите завршуваат кај криминалците, затоа и власта се обидува да купи ден повеќе власт во 2024 година, за да продолжи со криминалот и корупцијата до последен ден. Потребни се итни промени, за грабежот да запре“, порачаа од опозициската партија.
