Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 106 милиони евра за модернизација на Армијата, прием на 300 војници, обезбедени 13,7 милиони евра за исплата заостанати надоместоци

Покрај тоа што СДСМ покажа некадарност да работи на реализација на големи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај тоа што СДСМ покажа некадарност да работи на реализација на големи проекти, за седум години власт покажа тотална неспособност и во сервисирање на редовните обврски и побарувања, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да вложува во модернизација на Армијата, СДСМ за седум години власт целосно ја уназади, а војниците ги понижи. Со преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, се соочи со долгови и неисплатени надоместоци на вработените во Министерството за одбрана. Раководството на СДСМ во Министерството за одбрана, не беше способно да ги исплати финансиските побарувања и обврски кои произлегуваат од Колективниот договор, Законот за служба во Армијата, интерните Правилници и Прописи. Намерно, со години не ги исплаќале надоместоците и сето тоа резултирало сo огромен број тужби од страна на самите вработени. Се работи за неисплатени дневници кон припадниците на Армијата со години наназад, ноќни часови работа, закупнини, хранарина, заостаната бонус плата за вработените кои имаат надминато повеќе од 150 часови прекувремена работа, јубилејни награди. Со многу работа, труд, посветеност и волја се обезбедија средства за да се исплатат законските и заслужено сработените парични надоместоци на вработените. Се обезбедија финансиски средства во вкупен износ од 13,7 милиони евра за исплата на голем дел од овие заостанати обврски, вклучувајќи ги и оние кои веќе доспеаа како нови, како регресот за годишен одмор. Ќе бидат наградени сите оние храбри војници 436 (320+116) на број, кои се бореа со пожарите кои ја зафатија нашата држава минатото лето. Полека, но сигурно се воспоставија и почнаа да се градат темелите и во одбрана, се изнајдоа средства за исплата на побарувањата и почна процес на модернизација на Армијата. Модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет и за таа цел од буџетот на Одбрана се одвојуваат 32%, односно 106 милиони евра. Тоа е за 18 милиони евра повеќе од минатата 2024 година, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се донесе Законот за вработените во Министерството за одбрана, со кој се заокружи една етапа во развојот и унапредување на статусот на вработените, се дефинираа процеси кои за првпат произведоа права и обврски, на начин кој претпоставува подобрена слика за мотивираноста на персоналот и угледот на институцијата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.