Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

ВЛЕН: „Месецот на Европа“ носи нов пристап, европската интеграција поблиску до граѓаните и конкретните придобивки

ВЛЕН ја поздравува иницијативата за започнување на кампањата „Мај – Месец на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВЛЕН ја поздравува иницијативата за започнување на кампањата „Мај – Месец на Европа“, која има за цел процесот на европската интеграција да го приближи до граѓаните и да го направи поопиплив во секојдневниот живот, се наведува во соопштението од коалицијата.

По тој повод, првиот заменик-премиер на Македонија, Беким Сали, на состанок со амбасадори, меѓународни партнери и пријатели на земјата, истакна дека фокусот е насочен кон конкретните придобивки што ги носи Европската Унија, како што се повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.

ВЛЕН оцени дека ваквиот пристап, насочен кон видливи резултати, претставува нов и неопходен чекор во европскиот пат на државата. Во текот на овој месец ќе бидат претставени и успешни приказни од проекти поддржани од ЕУ, кои го потврдуваат реалното влијание врз животот на граѓаните.

Реклама

ВЛЕН нагласува дека Европа не е само политички процес, туку пред сè заедница на вредности, креативност и соработка меѓу луѓето. Поради тоа, активностите на „Месецот на Европа“ ќе бидат спроведени во различни општини, со цел процесот на интеграција да биде поблиску и поразбирлив за граѓаните.

ВЛЕН останува посветен дека патот кон Европската Унија треба да биде инклузивен процес, во кој институциите, граѓанското општество, универзитетите и бизнисот активно придонесуваат за европската иднина на државата.

ВЛЕН, со граѓаните, за европска иднина.