Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

„Викторија Инвест“ фирмата изведувач на патот Кичево – Охрид земала над 1,3 милиони денари помош, но ни денар не дала на вработените

Не престануваат скандалите со државната помош за време на корона кризата. „Викторија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не престануваат скандалите со државната помош за време на корона кризата. „Викторија Инвест“ е една од фирмите кои ја злоупотребиле финанската помош од државата.  Оваа компанија  добила најмногу пари од државата, над 1 334 000 денари за два месеца,  а на своите 86 вработени не им исплатила ниту денар.

„Викторија Инвест“  од Албанија, со претставништво во скопската општина Карпош е изведувач на работите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Истата фирма се поврзува со уште еден скандал од пред неколку години,  кога преку подружницата во Струга, заработила кривична пријава, поради тоа што вршела нелегален ископ на минерални суровини во Дебрца.

  •  Алфа ги посети просториите каде е сместена фирмата „Викторија Инвест“, но вратите беа затворени бидејќи е неработен ден. Ги побаравме и телефонски но никој не се јавуваше.

По објавувањето на злоупотребата од страна на УЈП, до сега само 30 фирми им ги префрлиле парите на сметките на вработените. Меѓу компании кои се најдоа на листита на УЈП се и три фирми кои користеле пари од Фондот за иновации, од каде пак им ја стопирале реализацијата.

Реклама

Инаку, утре или најдоцна до среда, се очекува да бидат доставени соодветни постапки пред Обвинителството против сите газди кои што не исплатиле, а   добиеле пари од државата.. Казните кои им се заканувааат , се и затворски,   од 1 до 10 години.

Стигна и реакцијата од Светска банка за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата за време на кризата.

  •  Шемата според која се работи, е дизајнирана да им помогне на фирмите за рестарт и одржувањето на вработеноста за што е можно повеќе луѓе да не останат на улица. Со аплицирањето за субвернционирање фирмите треба  да ги почитуваат Упатствата на Светската банка за борба против корупцијата – се вели во реакцијата на Светска Банка.

Оттаму нагласуваат, дека компаниите, освен  што треба да ги вратат парите, би можеле да бидат предмет на истрага од Светската банка.

Викторија Миткова